Услуги
Шиеме по мерка и преправаме
Нова облека што е направена за вас, или облека што ја имате, дотерана да ви стои како што треба.
Шиење по мерка
Облека направена според вас
Ни кажувате што ви треба и за кој повод. Ние земаме мерки, кроиме и шиеме, со проби додека не ви стои точно.
- Машки одела
- Женски одела и костими
- Сакоа и панталони
- Друга облека по договор

Како оди
Од разговор до готово одело
Разговор
Ни кажувате што ви треба. Заедно избираме модел и ткаенина.
Мерење
Земаме точни мерки, за облеката да следи како се движите.
Проба
Ја пробувате облеката и ги дотеруваме деталите.
Подигнување
Облеката е готова и ви стои како што треба.
Преправки
Облеката што ја сакате, да ви стои подобро
Донесете ја облеката. Ќе ви кажеме што може да се направи и колку ќе трае.
- Скратување на панталони и ракави
- Стеснување и проширување
- Замена на патенти и копчиња
- Поправки на постава и шевови

Контакт
Закажете мерење
Јавете се или пишете ни. Ќе договориме термин што ви одговара.
